Реал Мадрид синоќа ја совлада Барселона во „Ел Класико“ пресметката во финалето на Суперкупот на Шпанија.
Винисиус Жуниор беше играч на натпреварот откако постигна два гола по десет минути игра, а до крајот на првиот дел забележа и хет-трик.
За мизеријата на Барселона да биде поголема, Роналд Араухо беше исклучен поради два жолти картони, па ова донесе нови искри на теренот.
Винисиус Жуниор влезе во вербална конфротација со клупата на „каталонците“ и реши да огвоори со брутална провокација, со раката правеше гестови и ги потсети дека губат со 4-1.
Родриго се обидуваше да го смири својот сонародник, додека пак на Фермин Лопез не му се допадна ваквото однесување и го турна Винисиус Жуниор.
Vinicius Junior signals “4-1” to the Barcelona bench 🤣🍿
🎥 @iiABTA pic.twitter.com/3FNfEpGdOw
— Football on TNT Sports (@footballontnt) January 14, 2024