понеделник, 21 октомври 2024

Википедија слави 23 години постоење

Добро познатата семрежна енциклопедија Википедија, која патем секој од нас барем по еднаш ја има посетено и нешто прочитано во неа, полни 23 години постоење. На 15 јануари 2024 година Википедија го слави својот 23-ти роденден, настан кој се одбележува редовно од заедницата која ја создава содржината на оваа енциклопедија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Википедија е основана на 15 јануари 2001 година од страна на иницијаторите на оваа идеја, Американците Џими Вејлс и Лери Сангер. Првата верзија на енциклопедијата била објавена само на англиски јазик, но многу набрзо енцклопедијата доживува брз раст и прераснува во повеќејазична енциклопедија. Денес Википедија и нејзините содржини се достапни на 326 јазици, сите слободни за употреба за непрофитни и образовни цели.

Македонската верзија на Википедија е започната во септември 2003 година од мала група македонски волонтери. Првите статии на македонски јазик на Википедија биле скромни во однос на квантитетот, но набрзо енциклопедијата се збогатува со содржина и бројот на уредници забележува голем пораст. Денес оваа јазична верзија на Википедија брои над 140.000 статии на македонски јазик, приготвени и средени во енциклопедиски формат од македонската заедница на Википедија.

Роденденот на Википедија традиционално се одбележува во сите држави и региони каде постои волонтерска вики-заедница. Во Македонија роденденот се одбележува секоја година на 15 јануари како дел од глобалниот сет на настани поврзани со роденденот.

Прославата за роденденот на Википедија во Македонија е организиран од здружението „Викимедија МКД“, локален македонски огранок на „Фондацијата Викимедија“ која делува во рамките на државата за промовирање, подобрување, креирање и умножување на слободни содржини за непрофитни цели.

Роденденот на Википедија ќе се прослави во Скопје на 15 јануари во организација на Викимедија МКД. Со почеток во 19 часот во „Пјаца либерта“, Викимедија МКД и љубителите на Википедија и нејзините уредувачи ќе ги означат 23-те години на постоење на оваа најпозната енциклопедија во светот.  Среќен роденден на Википедија!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ