недела, 22 декември 2024

Викендов два конгреси на АА, еден на Таравари, другиот на Села

Денеска во 19 часот во хотелот „Александар палас“ во Скопје претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари закажа конгрес на партијата. Минатата недела крилото на Зијадин Села исто така закажа партиски конгрес во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Врз основа на член 31, точка 1 од Статутот на Алијансата за Албанците, претседателот на партијата д-р Арбен Таравари повика на вонреден конгрес во петок, 16 февруари 2024. Промената започна!“, напиша пратеникот на АА Халил Снопче, кој е поддржувач на Таравари.

Минатата недела на Централното собрание на Алијансата за Албанците со кое претседава Зијадин Села беше донесена одлука за одржување конгрес на партијата на 18 февруари во Скопје на кој ќе се разреши претседаталот на партијата Арбен Таравари.

Министерот за правда, Кренар Лога, кој е поддржувач на Зијадин Села за самостоен настап на партијата на претстојните избори, соопшти дека конгресот на АА ќе се одржи в недела во 13 часот во Националната опера и балет во Скопје.

„Нема промена на датум и локација. Добредојдовте во нашиот дом! Секоја друга информација која кружи освен оваа официјална информација е лажна и обид за измама и дефокусирање на членството“, напиша Лога.

Расколот во партијата настана кога Таравари објави дека Алијанса за Албанците на претстојните парламентарни избори ќе настапи заедно со опозицискиот блок на Албанците во Македонија, Беса, Алтернатива и Демократско движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ