петок, 18 октомври 2024

Виенски Пресе за литиумот во Србија: Таблоидите одушевени, независните медиуми и еколозите згрозени

„Србија како рударска колонија на Западот?“, го наслови Томас Росер, дописник на виенски Пресe од Србија, извештајот за реакциите што следуваа по потпишувањето на Меморандумот за стратегиски суровини меѓу Европската Унија и Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Таблоидниот печат контролиран од Владата на Србија е воодушевен. Независните медиуми, аналитичари и екологисти се згрозени од договорот за литиум со Европската Унија: ги обвинуваат Берлин и Брисел дека сакаат да ја претворат земјата во суровинска колонија на ЕУ“, пишува дописникот на најчитаниот австриски весник Пресе во почетокот на својата статија.

Тој оценува дека „брзите посетители од Берлин и Брисел“ одамна го напуштиле Белград, но дека потпишувањето на „литиумскиот договор“ продолжува да предизвикува „голема медиумска врева“ во Србија.

Два спротивставени става на потпишаниот Меморандум се илустрирани со наслови во српскиот печат: „Србија скока во иднината со литиумот“ (српски Телеграф) и „Рудникот Јадар ќе донесе милијарди во Србија“ (Информер), од една страна, и „Србија ја претвораат во рударска колонија“ (Нова), од друга страна.

Росер укажува и на изјавата на Владета Јанковиќ дека посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц „не е знак на почит, туку бакнеж на смртта за Србија“.

Дописникот на Пресе пишува дека „во една длабоко корумпирана земја, помалку е прашање кој ќе има корист од ветените милијарди отколку грижа за резервите на подземни води, поради што еколозите со години го напаѓаат контроверзниот проект“.

Тој, исто така, укажува на обвинувањата на опозицијата дека Шолц не дал „никакви конкретни гаранции“ за усогласеноста со еколошките стандарди на Европската Унија во Србија, како и на зборовите на професорот од Грац Флоријан Бибер дека ЕУ и Германија „ги замениле демократијата, владеењето на правото и европската перспектива за Западен Балкан за литиумот“.

„Во Србија нема независни институции и ‘никаква гаранција’ дека рударскиот проект ќе биде во согласност со домашните, па дури и со стандардите на ЕУ“, пишува дописникот на австриски Пресе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ