недела, 22 декември 2024

Виенската полиција ги зголеми безбедносните мерки на божиќните пазари во градот

Виенската полиција во саботата ги засили безбедносните мерки на божиќните пазари во австриската престолнина, еден ден по нападот со автомобил во Германија, во кој загинаа петмина, а беа повредени повеќе од 200 луѓе. Безбедносните мерки се зајакнати и во други австриски градови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Возило удри во случајни минувачи на божиќниот пазар во Магдебург, источна Германија, во петокот вечерта, а властите на местото на настанот уапсија 50-годишен лекар од Саудиска Арабија.

„Поради инцидентот во Магдебург, иако тој на никаков начин не е поврзан со Австрија, донесена е одлука да се зголеми полициското присуство во Виена, особено на градските божиќни пазари, почнувајќи од сабота“, изјави за АФП портпаролот на полицијата Дејвид Павлик.

Во Виена нема „посебна закана“, вели Павлик, додавајќи дека австриските власти се во близок контакт со своите колеги во Германија.

Зајакнати се и мерките за безбедност на божиќните пазари во неколку други австриски провинции, вклучувајќи ги Горна Австрија, Долна Австрија и Градишче.

Во ноември 2020 година, претходно осуден поддржувач на Исламска држава застрела четири лица и рани 23 лица во центарот на Виена, а потоа полицијата го уапси. Тоа беше првиот смртоносен напад од џихадисти во Австрија.

Во тој процес, државата усвои контроверзен антитерористички закон, кој дозволува зголемен надзор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ