„Реното кангу“, во кое има едно лице, на видео од објект во село Визбегово се гледа во 7:49, а пет секунди по него поминува „цитроенот“.
На видео од објект за стари возила во Визбегово, во 7:45 се забележува „реното кангу“, а после него по пет секунди поминува и „цитроенот“.
Двете возила, повторно се гледаат во 7:56 часот на видео од објект Метал Груп, плац Визбегово. На видео од куќа во село Горно Оризари на патот кон село Бразда двете возила се гледа како поминуваат во 7 и 59.
Обвинителството презентираше и видеозаписи, за кои рече се откако е извршено убиството и се движат кон местото на кое е запален „цитроенот“.
На видео од прочистителна станица во село Бразда од 27 ноември 2023 година во 9 часот и 8 минути се гледа како поминува „рено кангуто“, а по 11 секунди по него и „цитроенот“. На видео од истото место во 9 и 21 се гледа како се враќа само „реното кангу“.
Видео од куќа во село Горно Оризари покажува како во 9 и 36 се издигнува густ црн чад. Обвинителството презентираше и видеозапис од објект Евзони во Визбегово од 27 ноември 2023 година, без време, а на кој се гледа како се издига темен густ чад од местото на кое, како што рече обвинителката, е запалено предметното возило.
Обвинителството потоа презентираше видеоматеријали од движењето на „реното кангу“ низ општина Чаир до седиштето на партијата Десна.
На видео од крстосницата на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ со улицата „Ферид Бајрам“ во 9 и 49 се гледа возилото Кангу, во кое има две лица, на возачко и совозачко место.
„Локацијата е бул „Христијан Тодоровски Карпош“ од Чаир према Центар. Во 9 и 50 се забележува како ‘реното кангу“ се движи со регистарска ознака СК-403 УИ. Може да се забележи дека возилото го управува првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо и на совозачкото Велибор Манев со џемпер со црна лента“, појасни обвинителката.
Адвокатот на Љупчо Палевски, на ова видео приговараше дека во возилото не се гледа првообвинетиот Палевски.
„Реното кангу“, потоа се гледа на видео од камерите на „безбеден град“ на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ во 9 и 56 и продолжува кон „Веро Џамбо“. Во 9 и 59 на крстосницата кај Народна банка врти кон „Веро Џамбо“, а во 10:00 се исклучува од бул. „Кузман Јосифовски Питу“ кон седиштето на партијата Десна.
„Ова е истата локација од каде истиот ден возилото во утринските часови тргнува“, појасни обвинителката.
Обвинителството презентираше и видеозаписи од движењето на возилото „митсубиши“ на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како на 27 ноември во 9:14 се движи на мостот кај х. Александар Палас кон Момин поток. Истото возило во 14:28 поминува на пат од Сарај кон Ѓорче Петров.