Видеолотарија касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот Играј со најдобрите, обезбедивме спонзорство за скијачкиот клуб Работнички. Средствата од спонзорството ќе бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на македонскиот алпски скијач Мирко Лазаревски.
Мирко Лазаревски е најдобар македонски скијач во неговата возрасна категорија. Тој учествувал на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.
Мирко очекува солиден настап на меѓународните натпреварувања во новата сезона. Поддршката од Видеолотарија касинос Австрија ќе му помогне во подготовките и настапот на натпреварите кои ќе следат.