четврток, 6 март 2025

Вежба на специјалните единици за спасување од жичница (ВИДЕО)

Денеска во скијачкиот центар Маврово во организација на Македонското здружение на спасители во скијалишта се одржа показна вежба со сценарио „Евакуација од жичница“. Во рамки на показната вежба тимови од МВР од Специјалната антитерористичка единица – Тигар, Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални сили на армијата „Волци“ вршеа безбедна евакуација на жичницата која прекинала да работи.

Објавено на

часот

Сподели

Во сценариото на вежбата, жичницата која вообичаено работи на електричен погон заради дефект прекинува да работи, не успева да профункционира ни дизел агрегатот кој треба да преземе и тогаш се повикуваат тимовите кои имаат такви специјалистички обуки, да извршат симултано и безбедно спуштање на патниците коишто се затечени на жичницата.

Целта на вежбата е унапредување на капацитетите на државата за справување со вакви кризни ситуации, засилување на соработката меѓу различни институции се со цел заштита и безбедност на граѓаните во вакви ситуации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ