Според најавата на компанијата, новиот модел на вештачка интелигенција е обучен на „поефикасен и поевтин“ начин, оптимизиран за традиционалниот кинески јазик што се користи во Тајван и се истакнува во математиката и логичното расудување.
„Нашиот модел на Фокс Брејн усвои високо ефикасна стратегија за обука, фокусирајќи се на оптимизирање на процесот на обука, наместо на слепо акумулирање на компјутерската моќ“, изјави Ли Јунг-Хуи директорот на Истражувачкиот центар за вештачка интелигенција на Институтот за истражување Хон Хаи.
Новиот модел е базиран на архитектурата Мета Лама 3.1 со 70 милијарди параметри. Моделот на Фокс Брејн нуди можности за анализа на податоци, математички пресметки, логично расудување, работа со документи и генерирање програмски код. Фокскон планира да користи нов модел на вештачка интелигенција за да го подобри управувањето со производството и синџирот на снабдување, пренесува Саутерн морнинг пост.