среда, 12 март 2025

Вештачката интелигенција станува сѐ побрза, учи за само четири недели

Технолошката компанија Фокскон, најголемиот светски производител на електроника и главен снабдувач на ајфон уреди за Епл, го претстави својот прв модел со вештачка интелигенција наречен Фокс Брејн и изјави дека е обучен за само четири недели со помош на 120 графички процесори Х100 од Нвидиа.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Според најавата на компанијата, новиот модел на вештачка интелигенција е обучен на „поефикасен и поевтин“ начин, оптимизиран за традиционалниот кинески јазик што се користи во Тајван и се истакнува во математиката и логичното расудување.

„Нашиот модел на Фокс Брејн усвои високо ефикасна стратегија за обука, фокусирајќи се на оптимизирање на процесот на обука, наместо на слепо акумулирање на компјутерската моќ“, изјави Ли Јунг-Хуи директорот на Истражувачкиот центар за вештачка интелигенција на Институтот за истражување Хон Хаи.

Новиот модел е базиран на архитектурата Мета Лама 3.1 со 70 милијарди параметри. Моделот на Фокс Брејн нуди можности за анализа на податоци, математички пресметки, логично расудување, работа со документи и генерирање програмски код. Фокскон планира да користи нов модел на вештачка интелигенција за да го подобри управувањето со производството и синџирот на снабдување, пренесува Саутерн морнинг пост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ