„Комисијата одржа седница за разгледување на поднесените кандидатури за претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори. Врз основа на статутот на СДСМ, како и врз основа на член 9 од правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ: 1.Венко Филипче
Одлуката на Комисијата ќе биде објавена на веб-страната на СДСМ заедно со програмата на кандидатот, а ќе биде доставена и до сите Општински изборни комисии“, се наведува со соопштението на СДСМ.
Освен тоа, во соопштението се вели дека „СДСМ е единствената партија во земјата во која што членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите“.