„Градинките го почитуваат законот, целата ситуација со инспекциите ја презема Државниот здравствен и санитарен инспекторат, којшто ги врши контролите на терен, нашите инспектори ги продолжуваат оние редовни активности по закон за пратење на контролата на ситуацијата и на целокупниот процес на функционирање во детските градинки. Навистина жалам што Скопје е област каде што ситуацијата е голема, иако на целата територија на Македонија процентот на вакцинирани дечиња е навистина голем во голем број од градовите“, вели Велковски.
Тој упати апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита. Прашан дали мерките се покажаа како добри за намалување на бројот на деца со голема кашлица, Велковски истакна дека пред десеттина дена пред да се воведе мерката за забрана за прием на дечиња во градинките кои немаат уреден вакцинален статус, имало пет заразени дечиња кои биле вакцинирани целосно.
„Најголем дел од дечињата кои беа сместени во клиниките беа од основно и средно образование. Алармантно беше во Скопје и затоа претпоставувам дека беа донесени одлуките од Комисијата за заразни болести, а потоа и од министерот за здравство“, вели Велковски.