Целта на истражувањето е да се подобри брзината на дијагностика и да се олесни притисокот врз радиолозите, објави Би-би-си.
Тестирањето за рано откривање ќе чини 11 милиони фунти и ќе започне во април.
Во истражувањето ќе се користат пет платформи за вештачка интелигенција, жените кои се веќе закажани за рутински прегледи ќе бидат поканети да учествуваат.
Во моментов двајца радиолози ја проверуваат точноста на мамографијата. Систем за вештачка интелигенција може да му овозможи на еден експерт да го заврши процесот, намалувајќи го времето на чекање.
Со повеќе од два милиони мамографии кои се вршат годишно, технологијата би можела значително да влијае на финансиското оптоварување на Националната здравствена служба.
Луси Чапел, главен научен советник во Одделот за здравство и социјална заштита, ја опиша студијата како „значаен чекор напред“ во користењето на технологијата за подобрување на грижата за пациентите.
Сепак, Кралскиот колеџ за радиолози предупреди на недостиг од 30 отсто од радиолози, нагласувајќи дека вештачката интелигенција сама по себе нема да ги реши проблемите со човечкиот капацитет.