Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, утрово во 9:08 часот добиле дојава за запален шлепер-цистерна во близина на бензиската пумпа Дади Компани , по што веднаш се упатиле кон местото на настанот со две противпожарни возила и пет пожарникари.
„По пристигнувањето беше пристапено кон гаснење на пожарот и поради брзата итервенција не дојде до експлозија на цистерната“, велат од ТППЕ Велес.
Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.