петок, 18 октомври 2024

Велешанец е третиот позитивен на конго-кримската треска, потврди Институтот за јавно здравје

Објавено на

часот

Сподели

Од ИЈЗ информираат дека пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично е примен во Општата болница во Велес.

„Во доцните вечерни часови на 12 август, одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е телефонски известен за позитивен резултат на конго-кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестирањата се направени на одделението за вирусологија при ИЈЗ. Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38 степени, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес“, информираат од ИЈЗ.

Веднаш бил известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направил епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.

„Во контекст на пристапот Едно здравје контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен. Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира“, се наведува во соопштението.

Пациентот е хоспитализиран кај нас и е во добра општа состојба. Тој пет дена наназад се жалел на покачена температура, главоболка и на мускулно-зглобни болки, поради што и побарал лекарска помош. Ја следиме неговата состојба, изјави денеска директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.

Таа информираше дека во саботата вечер е донесен сомнителен пациент со конго-кримска треска од велешката болница и во текот на вечерта неговата дијагноза е потврдена.

„Лабораториски анализите беа со намалени тромбоцити во текот на вчерашниот ден, но со соодветна супституција. Ние ова го третираме мултидисциплинарно во консултација со колегите од транфузиологија. Денешните анализи се уредни, но тоа не значи дека нема да имаме тек и развој на болеста, се надеваме поволен, како што беше и кај претходната пациентка“, рече Стевановиќ.

Во однос на вработената од Инфективната клиника која беше инфицирана во текот на својата работа, Стевановиќ посочи дека таа е стабилна и добра, опоравувањето е во тек и не очекуваат компликации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ