четврток, 26 декември 2024

Велешанец избегал од затвор, полицијата го најде и го врати назад

Велешката полиција го лишила од слобода 48 годишниот Х.Б., кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од затворот, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 19:30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил назад во затворот и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Исто така, неговата 43 годишна сопруга пријавила дека околу 20 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал“, се појаснува во соопштението.

Затвореникот бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ