Ќе настапат Наде Талевска, сопран, Васко Здравков, баритон и Нико Ѓоргиевски, контратенор, заедно со хорот и оркестарот на НОБ.
„Публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот. Слушањето на моќната „Кармина Бурана“ е секогаш посебно искуство и со години го привлекува вниманието на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар“, велат од НОБ.