среда, 12 март 2025

Вдовицата на Навални повика на борба за слободна и мирна Русија на годишнината од неговата смрт

Руската опозиционерка Јулија Навални, вдовица на покојниот Алексеј Навални, во неделата ги повика приврзаниците да се борат за „слободна и мирна“ Русија, една година по смртта на нејзиниот сопруг во затвор.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Знаеме зошто се бориме: за идна Русија која е слободна, мирна и убава. Можна е онаа за која сонуваше Алексеј, направете сè за да го остварите неговиот сон“, објави Навални во видеото објавено на годишнината од смртта на нејзиниот сопруг, кој беше главен политички противник на рускиот претседател Владимир Путин.

Јулија Навални ја презеде водечката улога во фрагментираната и главно прогонети руска опозиција.

Таа денеска требаше да присуствува на комеморативен настан во Берлин.

„Секој може да направи нешто: да протестира, да им пишува на политичките затвореници, да го промени мислењето на најблиските, да им пружи поддршка на другите“, рече таа.

„Алексеј ги инспирира луѓето низ светот. Тие разбираат дека нашата земја не е само војна, корупција и угнетување“.

Вдовицата на Навални го обвини Путин дека се обидел да го „избрише нашето сеќавање на името на Алексеј, дека ја сокрил вистината за неговото убиство и не принудил да се откажеме“.

Руските власти го прогласија Навални за „екстремист“, одлука што останува на сила и покрај неговата смрт.

Во Русија, секој што ќе го спомене Навални или неговата Фондација за борба против корупцијата без да каже дека се прогласени за „екстремисти“ е подложен на парични казни или до четири години затвор за повторување на прекршокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ