Од МВР денеска соопштија дека најбројни се случаите на непрописно паркирање 225, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 120, а вчера е забележан и прилично висок број на прекршоци по основ на недавање на првенство на минување 51.
Изречени биле седум мерки за возење под дејство на алкохол, а прекршочни пријави заработиле 8 пешаци.
За неносење сигурносен појас изречени се 69 санкции, 42 мерки за користење мобилен телефон, а во 72 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи.
Согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени од сообраќај 21 нерегистрирано возило како и седум технички неисправни возила.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.