Наградените вработени беа избрани според јасно дефинирани критериуми, кои ги вклучуваа нивните резултати во различни сегменти на работниот процес во текот на годината, како и нивниот стаж и искуство во Sport Life.
„Грижата за вработените и развојот на тимскиот дух во Спорт лајф е наша приоритетна цел, и таа се одвива во текот на целата година. На крајот на годината само ги сумиравме резултатите и заеднички го прославивме успехот.“, велат од Спорт лајф.
Спорт лајф“ е лидер во областа на спортските обложувалници и игрите на среќа, со повеќе од две децении искуство на пазарот. Компанијата континуирано инвестира во својот тим преку обуки, тренинзи и стипендии за образование. За постигнување на високи резултати, вработените добиваат редовни бонуси и награди, како и можности за кариерен напредок.
Комерцијален текст