недела, 23 февруари 2025

Ватикан: Папата помина мирна ноќ по соопштението дека е во критична состојба

Папата Франциско, кој во болница се бори со пневмонија, помина „мирна“ ноќ одморајќи се, соопшти утрово Ватикан.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Папата беше примен во болницата Гемели во Рим на 14 февруари, откако имаше потешкотии со дишењето неколку дена, потоа му беше дијагностицирана билатерална пневмонија. Ватикан вчера за прв пат ја опиша неговата состојба како критична, известувајќи дека тој ден му бил потребен дополнителен кислород и трансфузија на крв.

„Ноќта беше мирна, папата се одмори“, објави Ватикан во најновиот извештај утринава. Ватикан синоќа соопшти дека здравјето на папата Франциско се влошило во последните 24 часа, додавајќи дека тој претрпел „продолжена респираторна криза слична на астма“ и дека примил трансфузија на крв.

„Светиот Отец е свесен и го помина денот во лежалка, иако е послаб од вчера. Во овој момент прогнозата сѐ уште е неизвесна. Состојбата на Светиот Отец е сѐ уште критична“, се вели во синоќешното соопштение на Ватикан.

Ватикан претходно објави дека Папата денеска нема да се појави во јавноста да се моли со аџиите, со што втора недела по ред го пропушта настанот.

Билатерална пневмонија е сериозна инфекција која може да ги оштети двете белодробни крила и да предизвика тешкотии со дишењето. Ватикан ја опиша инфекцијата на како „сложена“ бидејќи била предизвикана од два или повеќе микроорганизми.

Франциско, кој е папа од 2013 година, страдаше од периодично лошо здравје во последните две години. Тој е особено склон кон инфекции на белите дробови бидејќи кога бил млад заболел од плеврит и му бил отстранет дел од едното белодробно крило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ