Папата го поминува својот 13-ти ден во римската болница Гемели, што е најдолг престој во болница за време на неговата речиси дванаесетгодишна папска служба.
„Папата имаше мирна ноќ и се одмора“, соопшти Ватикан во една реченица, без да даде дополнителни детали.
Во вторникот Ватикан објави дека понтифот четврти ден по ред останува во критична состојба, но дека е стабилен и немал нови респираторни кризи.
Папата останува под „внимателно набљудување“, се вели во соопштението од вторникот, но неговите хемодинамички параметри, кои го мерат функционирањето на циркулаторниот систем, се исто така „стабилни“.
Тој тип пневмонија е сериозна инфекција на двата бели дроба, која може да предизвика воспаление и лузни, отежнувајќи го дишењето. Ватикан соопшти дека инфекцијата на папата била „комплексна“ и предизвикана од два или повеќе микроорганизми.
Франциско, кој е папа од 2013 година, претрпе неколку здравствени проблеми во последните две години.
Се очекува Ватикан вечерва да објави ново соопштение за здравствената состојба на папата.