петок, 18 октомври 2024

„Ватерполовиќ“ вечерва против Хрватска

Објавено на

часот

Сподели

Селекцијата, која речиси и нема вистински Македонци во тимот најавува дека има желба да се победи големиот фаворит, кој е неколкукратен европски и светски првак.
Македонскиот селектор Игор Гочанин најави дека натпреварот ќе го искористи за тактичко уигрување.

„Подготовките ги реализиравме во пеколно темпо, но сигурно се според превидениот план. Сите ватерполисти се во одлична здравствена состојба, освен малата повреда на голманот Маринковиќ“, вели селекторот.

Селекцијата веднаш по денешниот натпревар патува за Турција, каде што до недела ќе учествува на подготвителен турнир пред претстојното Европското првенство, кое од 16 јануари ќе се одржува во Ајндховен, Холандија.

Противници на Македонија во А групата на ЕП ќе бидат Турција (16 јануари), Грција (17 јануари), Унгарија (19 јануари), Италија (21 јануари) и против Холандија (23 јануари). Во втората група се Србија, Германија, Хрватска, Романија, Црна Гора и Шпанија. Првопласираните три селекции од секоја група ќе играат во борбата за медали.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ