петок, 18 октомври 2024

Ватерполистите загубија минимално од Хрватска

Објавено на

часот

Сподели

Голманот Перчиниќ, инаку Хрват, беше најдобар „Македонец“ во базенот

Селекцијата на Македонија, во која речиси и нема Македонци, туку е состав од натурализирани ислужени поранешни репрезентативци на Србија, Хрватска и Црна Гора, лошо ја одигра првата четвртина, се поправија во наредните два периода, и тоа само поради одличниот голман Перчиниќ и расположениот Бениќ во нападот, дури стигнаа и до водство од 6-5, но „коцкестите“ со серија од 4-0 ја завршија работата. До крајот стигнавме до минимален пораз од 8-9, со погодоците на Вуксановиќ и на Бениќ, а во двата последни напади можевме да стигнеме и до израмнување, но бевме неуспешни.

„Одигравме квалитетен натпревар. Реализиравме неколку можности со играч повеќе во нападот што е позитивно. До почетокот на ЕП во Холандија верувам дека уште повеќе ќе ја подигнеме формата“, изјави по натпреварот голманот Далибор Перчиниќ.

По овој натпревар, кој за македонскиот селектор Игор Гочанин претставуваше и еден вид тактичка подготовка за Европското првенство во Холандија, кое не очекува од 16 јануари, од денеска селекцијата се сели во Турција, каде што ќе учествува на подготвителен турнир.

Веќе утре од 20 часот го играме и првиот натпревар со домаќинот Турција, на 7 јануари противник ни е Холандија, а ден потоа и репрезентацијата на Романија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ