петок, 18 октомври 2024

Ватерполистите доминантни во Истанбул

Објавено на

часот

Сподели

Настапите во турската престолнина се последниот тест за македонските делфини пред настапот на Европското првенство (ЕП), кое на 16 јануари почнува во Холандија.

Според информациите од македонскиот тим, нашите ватерполисти дојдоа до убедлива победа, и покрај фактот што не одиграа со сите сили криејќи дел од тактичките замисли со оглед на тоа што Турција е во иста прелиминарна група со Македонија на претстојниот континентален шампионат.

„Не сакавме целосно да ги отвораме картите со оглед на тоа што Турција е во нашата група на ЕП. Исто ќе постапиме и на денешниот меч со Холандија, со која исто така ќе играме во првиот дел од еврошампионатот“, вели Игор Гочанин, селекторот на македонските ватерполисти.

Денешниот меч со Холандија е закажан за 18.30 часот, додека утре, во последниот дуел на турнирот, ќе ги одмериме силите со Романија, која вчера беше поуспешна од „лалињата“ со 14-6.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ