понеделник, 30 декември 2024

Вашингтон пост: Откриена е голема тајна руска воена база за производство на дронови

Објавено на

часот

Сподели

Иако производството доцни, експертите веруваат дека тоа би можело да значи дека стотици дронови „шахед“ ќе бидат насочени кон украински цели во исто време, наместо десетиците кои во моментов се користат во нападите. Документите покажуваат дека вработените, на дел од кои наводно им се одземени пасошите за да се спречи напуштање на земјата, користат шифрирани имиња за означување на проектот. Дроновите се „чамци“, експлозивните полнења се „браници“, додека Иран е и „Ирска“ и „Белорусија“.

Програмата била строго чувана тајна и покрај тоа што се одвива во објект со големина на 14 фудбалски игралишта кој уште треба да се проширува.

Програмата во три фази почнала во 2023 година. Во Алабуга се надградуваат расклопените беспилотни летала од Иран. Во моментов се во втората фаза, самите произведуваат куќишта, но ги опремуваат со иранска електроника. На почетокот на следната година објектот ќе почне да произведува беспилотни летала користејќи руски материјали и компоненти.

Инженерите од Алабуга очигледно ги унапредиле увезените дронови, правејќи ги водоотпорни и заменувајќи ги кинеските компоненти. Планираат да ги направат способни за изведување заеднички напад на мета и планираат масовно да ги произведуваат овие модели и со повисоки стандарди од оригиналните „хахеди“.

Меѓутоа, програмата со кодно име „Проект чамец“, според американскиот весник, ја кочи бирократијата на руското министерство за одбрана, а до февруари веќе доцнела пет недели зад планираниот распоред. Оптоварена е и со логистички проблеми. Кога пристигнале камионите за превоз на првото количество дронови од аеродромот, било откриено дека нема доволно виљушкари за утовар на тешките сандаци.

И покрај овие проблеми, поранешниот инспектор на ОН за оружје Дејвид Олбрајт верува дека Русија до следната година „со повремено лансирање десетици увезени дронови камикази „шахед-136“ против украински цели би можела да премине на повремени напади со стотици летала“.

Оваа недела министерството за одбрана на Британија објави дека Москва речиси сигурно ангажирала беспилотни летала од домашно производство засновани на иранскиот модел „шахед“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ