петок, 18 октомври 2024
Анкетна комисија за онкологија

Васев од Онкологија: Не знаев за никакви малверзации, никој не ме штити

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев денеска пред членовите на собраниската Анкетна комисија рече дека биле земани лекови на реверс со цел да не им се прекине терапијата на пациентите. 

Објавено на

часот

Сподели

Главната намена на реверсот беше да не се прекине биолошката терапија која почнаа да ја земаат пациентите. Значи тендерската постапка за тие лекови веќе беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, два три месеци задоцни. Ние не смеевме да го загрозиме животот на пациентите кои веќе почнаа да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив… Тука се кршат Хипократовата заклетва заедно со заклетва за правна одговорност на Институтот. Не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма, истакна Васев.

Васев, кој беше директор на оваа Клиника од 21 јуни 2017 година до 2 ноември минатата година, рече дека никогаш не му била намерата да креира хаос и дека функцијата директор ја прифатил по долго убедување од министерот за здравство. 

Прашан дали во негово време имало информации за лечење со физиолошки раствор и информации за можно продавање терапии и лекови, Васев рече дека тоа што го имале како информации, го пријавиле.

Да се даде физиолошка терапија место лек … Тој кој го напиша тоа, треба да го докаже и да поднесе одговорност, доколку не е така, рече Васев.

Прашан за тоа кои биле двата пријавени случаи, Васев појасни оти едниот го пријавил самиот, а другиот заедно со економскиот директор.

Имавме случај, мислам во 2019 година, кражба во дневна болница, кај мене ја пријавија три сестри. Со главната сестра викнавме служби, беше фатено лицето со лекови на излегување по завршување на смена. Случајот по шест месеци, бидејќи не влезе во процедура, лицето беше вратено на работа, но, не беше ставено во дневна болница. Беше ставено да работи на одделение без можност да дојде во контакт со лекови. Истото лице, оваа година, го повтори делото со новото раководство и е отстрането од работа, посочи Васев.

Прашан за стручниот колегиум, тој одговори дека веќе 10 години во институцијата не се одржува.

ј

Морам да признаам, неуспех ми е што не успеав да ги соберам колегите на едно место, да можат барем еднаш неделно да седнат заедно. Но, тој се одржува постојано кога треба да се прават листи на лекови, рече Васев.

Тој зборуваше и околу исклучувањето на КАТО системот. Според него, идејата за купување не била лоша, но, системот од самиот почеток покажувал знаци на слабост.

На прашањето дали чувствува морална одговорност за тоа што се случувало на Онкологија додека бил медицински директор, Васев рече дека не чувствува морална одговорност, дека никој не го штител и дека не знаел за какви било малверзации.

Денеска пред собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија, сведочеше и Нехад Нухи, организациски директор на Клиниката за онкологија од јуни 2021 до 3 април 2023 година.

На никаков начин не сум си играл со судбината на пациентите и нивните семејства, не сум препродавал лекови, ниту со незаконско работење сум ‘билдал’ долгови на Клиниката за онкологија. Клиниката ја наследив со долг од речиси 200 милиони денари. Долгот беше креиран од биолошка терапија, претходно набавена и ненаплатена. Цело време бев загрижен поради трендот на зголемување на долговите на клиниката исклучиво од набавка и апликација на биолошка терапија“, рече Нухи и додаде дека и на реверс се набавувале лекови, спротивно на Законот за јавни набавки.

Постапката за јавна набавка на биолошката терапија за 2021 година беше направена од Министерството за здравство, не од мене или од медицинскиот директор. Ова се случи неполн месец од моето назначување за в.д. директор. Јавната набавка спроведена од Министерството за здравство како групна набавка од две години, почнувајќи од август 2021 до август 2023, беше во вредност 1,5 милијарда денари за две години или по 750 милиони за година. Фондот за здравствено осигурување за 2021 година одоборил 481 милион денари буџет за биолошка терапија. До крајот на јули 2021 година долгот на Клиниката изнесуваше најмногу 200 милиони денари и ова беше наследен долг, пред моето доаѓање. За 2021 и 2022 година на Клиниката и беа префрлени 962 милиона денари, а Клиниката согласно тендерот на Министерството за здравство набави биолошка терапија за 1,501 милијарда денари со што од старт е креиран долг од 538 милиони денари и плус долгот од пред моето доаѓање од 2020 година во висина од 200 милиони денари, е околу 740 милиони денари. Минатата, 2022 година ја завршивме со долг од 748 милион денари. Значи, тој долг е пренесен од претходното работење на Клиниката, од разликата во набавката и неплатената биолошка терапија од ФЗО, подвлече Нухи.

к

Од страна на лекарите и медицинскиот директор бев непобитно уверен дека доколку дојде до прекин на примање на терапијата, терапијата може да биде неефикасна и пациентите да починат. Од друга страна, докторите и медицинскиот директор ме уверија дека не може на помал број пациенти да ја дадат оваа терапија за да не се зема на реверс, бидејќи тие не се богови и не можат да бираат на кого ќе му ја дадат, а кого ќе одбијат. Друга опција беше да се прави листа на чекање на пациенти кои додека да стигнат на ред, може да ја загубат битката со ракот. Одлучив да се борам за што поголеми буџети за набавка на терапија за да биде достапна во секое време за сите пациенти кои имаат потреба од неа. Не сум потпишувал реверси како директор, не сум премолчил како човек, со цел да се спасат човечки животи, а не да се изгубат поради тотално несоодветни процедури во 21 век и недостапен лек, рече Нухи. 

Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа Клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ