понеделник, 10 февруари 2025

Мукаетов: Ракометарите се пример како сите треба да се бориме за Македонија

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов е задоволен од досегашниот настап на нашите ракометари на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Мукаетов посебно е задоволен од пристапот кој го имаат ракометарите на натпреварите во Вараждин.

„Апсолутно сум задоволен од двете победи и двете нерешени. Но најзадоволен сум од пристапот и желбата за победа која ја имаа момците. Тие се вистински пример како сите треба да се бориме за Македонија“, порача Мукаетов.

За разлика од првата фаза, во втората имаме помалку навивачи на трибините.

„Штета, но што да правиме, сплет на многу околности, тоа што беше до сите нас го направивме да го држиме фокусот до крај за добар резултат. Верувам дека оваа репрезентација може многу да пружи во наредниот период. Во изминатите години добивавме критики, но сега покажавме дека имаме квалитет и оваа селекција и во иднина ќе ја радува Македонија“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ