среда, 5 февруари 2025

Вардар со победа ги заврши подготовките во Анталија

Вардар денеска со 3-1 го совлада вториот тим на Рапид Виена и со тоа ги заврши подготовките во Анталија.

Објавено на

часот

Сподели

Стрелци на головите за Вардар на овој натпревар беа Немања Босанчиќ, Мато Касим и Михаил Талевски.

На подготовките во Анталија, Вардар забележа една победа, три нерешени и два порази со гол наразлика 6-6.

Вардаровата експедиција на 8. февруари се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките до почетокот на вториот дел од сезоната кој започнува на 16. февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ