Црвено-црните и покрај решената финансиска ситуација, се мачеа во првиот дел од сезоната. Вардар води битка за опстанок, а за да ја добие раководството ангажираше повеќе нови играчи.
Клубот денеска информираше дека за нив е завршен преодниот рок, а донесени се вкупно 12 засилувања.
Давор Талески, Мичал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски, Едиз Спахиу, Мите Цикарски, Димитар Тодоровски, Михаил Талевски, Мислав Матиќ, Фаустин Сенгхор, Мато Касим Роџерс и Мануел Куестас.