21-годишниот Мато е крилен офанзивен фудбалер кој е еден од најбрзите во македонското првенство.
Тој во првиот дел од сезоната ги одигра сите натпревари за Брера Струмица.
Мато е актуелен репрезентативец на Уганда.
Вардар во овој момент е на подготовки во Анталија, а веќе неколку дена таму со новите соиграчи е и Мато.