„Лелис Фигуередо Педрињо повеќе не е дел од ФК Вардар. Во името на клубот му се заблагодаруваме на целиот ангажман во Вардаровиот дрес.
Воедно би сакале да најавиме дека во наредниот период ќе следуваат низа на промени во клубот, за кои црвено-црната јавност, навремено ќе биде известена“, стои во соопштението на Вардар.
Есенскиот дел од сезоната Вардар го заврши на последното место на табелата, но има само три бода помалку од местата кои обезбедуваат опастанок.