По мирното прво полувреме, сите три погодоци на „Градски“ беа постигнати во вториот дел.
Бесарт Ибраими го отвори резултатот по десетина минути игра, Шкендија поведе со 1-0.
Во 66. минута Закариќ од втора при пенал погоди за израмнување на 1-1.
Десет минути подоцна Шкендија даде уште еден гол преку Тампба за победа од 2-1.
Шкупи со голови на Аворњо и Имери го победи Работнички со 2-0.
Силекс падна од првата позиција откако одигра 1-1 со Тиквеш. Алиќ го даде голот за кратовци, Садик изедначи на 1-1 од пенал.
Гостивар со гол на Потук во самиот финиш ја победи Струга и се качи на третото место на табелата.
Немаше голови на мечот меѓу Пелистер и Брера, Воска со 2-0 ја совлада Беса.
Резултати:
Вардар – Шкендија 1-2
Шкупи – Работнички 2-0
Гостивар – Струга 1-0
Силекс – Тиквеш 1-1
Пелистер – Брера 0-0
Воска – Беса 2-0
Табела: Шкендија 40, Силекс 38, Гостивар 48, Работнички 37, Струга 32, Шкупи 25, Пелистер 20, Брера 20, Тиквеш 15, Воска 15, Беса 13, Вардар 13.