Се обиде денес Детонит, но едноставно беше забележително дека Вардар е едно ниво погоре и не им дозволи посериозно да се заканат.
Одлучувачки период за натпреварот беше завршницата од првиот дел кога црвено-црните ги постигнаа двата гола.
Прво Ѓуриќ во 42. минута го отвори резултатот, а само четири минути подоцна Сушњара со еден одличен гол го удвои водството.
Вториот дел помина во мирна игра и Вардар сигурно ја чуваше стекната предност, па и наредната сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција