сабота, 22 февруари 2025

Вардар ги освои трите бода кај шампионот во Струга

Вардар со 2-0 славеше на гостувањето кај актуелниот шампион Струга и освои три многу знајачни бодови во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Објавено на

часот

Сподели

Струга влезе како фаворит во овој дуел, но тоа беше само на хартија, случувањата на теренот изгледаа поинаку.

Вардар одигра одличен натпревар, создаде повеќе шанси за гол и на крајот заслужено дојде до победата.

Во првиот дел гостите ја погодија стативата преку Сенхор, а шанси пропуштија и Омерагиќ и Донгмо. Струга се закани преку Шабани, но Талески го одбрани неговиот удар.

Возбудувањата продолжија во второто полувреме, се создаваа шанси и на двете страни, но Вардар продолжи да биде поконкретен.

Резултатот беше отворен во 68. минута кога Закариќ погоди за водство од 1-0 за Вардар.

Струга се обидуваше да го изедначи резултатот, но дилемите околу победникот ги реши Мато со убав гол од далечина во 82. минута.

Овој пораз за Струга значи и крај на нивните надежи за одбрана на шампионската титула, а за Вардар носи самодоверба за многу подобра пролет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ