недела, 9 февруари 2025

ВАР хаос и контроверзии, Милан ги однесе трите бода против Емполи (ВИДЕО)

Милан славеше со 0-2 на гостувањето кај Емполи во натпревар со контроверзни одлуки и ВАР хаос.

Објавено на

часот

Сподели

„Росонерите“ со три бода си заминаа од „Карло Кастелани“, Леао и Хименз донесоа победа од 0-2 против Емполи.

По прво полувреме без погодоци, стартот на вториот дел донесе контроверзија. Томори доби втор жолт картон и беше исклучен за еден старт врз Коломбо, а повторените снимки покажаа дека на акцијата и претходеше офсајд.

Сепак, ВАР не можеше да се огласи бидејќи беше покажан само жолт а не црвен или пенал, па Милан остана со играч помалку.

Дест минути подоцна и Емполи остана со играч помалку откако ВАР интервенираше за еден неспортски потег на Марианучи, кој го удри Хименез.

Милан подобро се снајде во целиот хаос и поведе со голот на Леао во 68. минута, за Хименез да погоди за 0-2 во 76. минута и да ја осигура победата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ