„Нефер и недемократските правила на игра нема да ја спречат Левица од ширење на идејата, нашата програма и мерки. Црвениот бран сѐ повеќе се шири преку активистите на Левица и секојдневното присуство на терен на нашиот кандидат за претседател. Искрените и топли реакции на граѓаните нѝ укажуваат дека сме единствени коишто се наоѓаат на правилната страна. Во демократските принципи директно задираат и противкандидатите на проф. Ванковска коишто со нивниот забележлив страв и избегнувањето на дебати, придонесуваат граѓаните да не можат да го одберат најкомпетентниот кандидат за претседател на Македонија“, велат од Левица.