„Јас зборувам за достоинство. Достоинството е да достоиш на својот принцип, а потоа можеш да бидеш горд. Бегаат од мегдан. Јас им фрлам ракавици. Од пазарчиња, од улици, од социјални мрежи. Тоа што го кажа Апасиев ‘ќе ги растуриме на дебати’ ги уплаши. Така што сега бегаат од мене и од соочувања“, рече Ванковска.
Понатаму додаде дека сите кандидати меѓусебно ќе се сложат и на крај ќе излезе дека сите се за Бугарите да се внесат во Уставот.
„Само јас сум против“, рече Ванковска.
Таа претходно беше на отворањето на канцеларијата на иборништ штаб во Волково.
„Не сум тука само да учествувам. Одиме по потешкиот пат. Поведро и подонстоинствено не можеме да го направиме тоа. Сѐ штo треба да направиме е да ги мотивираме граѓаните зад параванот“, рече кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска.