петок, 18 октомври 2024
Реакција

Ванковска: Нека му е на здравје вечерата на Османи во време кога деца во Палестина умираат од глад

Кандидатката за шеф на државата, Билјана Ванковска преку фејсбук-објава реагира на објавата на противкандидатот Бујар Османи кој информира дека ги поканил на ифтар вечера Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Таравари и Максим Димитриевски. За разлика од него јас не се кандидирам за европски, туку за македонски претседател, вели Ванковска и посакува убава вечера во време кога деца во Палестина умираат од глас.

Објавено на

часот

Сподели

„Прво, Османи очигледно прави свои ‘црни листи’ на подобрни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска листа), но за мене можеби знае нешто што јас не го знам…
Второ, разговор за избор на ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ не ме интересира бидејќи јас се кадидирам за МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ).
Трето, да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година мислите ги упатувам кон Палестина, и тешко ми е да прифатам пости и ифтари, во време на геноцид.
Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат. Јас не припаѓам во тоа друштво“, вели Ванковска.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ