сабота, 8 февруари 2025

Ван Нистелрој: Ова е неприфатливо, загубивме со гол од офсајд

Манчестер јунајтед вчера со гол од офсајд на Хари Мегваер го победи Лестер со 2-1 и се пласираше во следното коло од ФА Купот.

Објавено на

часот

Сподели

Во оваа фаза од ФА Купот нема ВАР технологија, а тоа овојпат во прилог му одеше на Манчестер јунајтед.

Но, тренерот на Лестер, Руд Ван Нистелрој вели дека ситуацијата не ни била за ВАР бидејќи офсјдот бил толку голем што судијата морал да го види.

„Тешко е да се прифати бидејќи натпреварот го реши грешка. Не беше ова ситуација за ВАР, каде што одлучува половина метар туку евидентен офсајд. Тимот не заслужи да загуби на овој начин. Кога се подготвуваш за овој натпревар и реагираш добро со таков перформанс, а решено е со очигледна грешка – тоа е неприфатливо за нас на ова ниво. Сепак, немаме што да правиме освен да се кренеме и да продолжиме понатаму“, изјави Ван Нистелрој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ