среда, 25 декември 2024

Валенсија се сложи да плати 2-3 милиони евра, Столе Димитриевски брзо ќе добие нов тренер

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Валенсија ќе го именува Карлос Корберан за нов тренер, популарните „лилјаци“ ќе платат 2-3 милиони евра за да го ослободат стратегот од договорот со ВБА.

Објавено на

часот

Сподели

По серијата лоши резултати, Валенсија синоќа реши да се раздели со својата легенда и му врачи отказ на Рубен Бараха.

Тимот на нашиот Столе Димитриевски забрзано работи на именување нов тренер, имаше неколку опции, а последните извештаи велат дека изборот паднал на Карлос Корберан.

Популарните „лилјаци“ се сложиле да платат 2-3 милиони евра за да го ослободат стратегот од договорот со ВБА.

Карлос Корберан е роден во околината на Валенсија и има тренирано во младинските школи на клубот од Местаља, па работата ја гледа како интересен и примамлив предизвик и покрај тоа што Валенсија се наоѓа во тежок момент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ