петок, 18 октомври 2024

Валас: Ние не сме Амазон, Украина да покаже малку благодарност

Објавено на

часот

Сподели

„Сакале или не, луѓето сакаат да видат малку благодарност“, рече Валас на маргините на самитот на НАТО во Вилнус, запрашан да ја коментира изјавата на Зеленски дека е „апсурдно“ тоа што Киев не добил точен датум и услови, пренесува Гардијан.

Тој изјави дека минатата година отпатувал во Украина каде што добил список со оружје што треба да се испорача.

„Знаете, ние не сме Амазон. Тоа им го кажав и минатата година, кога се возев 11 часа само за да добијам список“, рече Валас.

Сепак, тој додаде дека го разбира Зеленски и дека конечниот одговор на самитот е добар за Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ