недела, 22 декември 2024

Вака вчера изгледал автопат кај Виена (ВИДЕО)

Повеќе реки во централна Европа денес се излеаја од коритата предизвикувајќи поплави, во кои животите ги загубиле најмалку 10 лица од Полска до Романија, а многу градови се или прекриени или погодени од надојдената вода по повеќе дена обилни дождови. Пограничните подрачја меѓу Полска и Чешка беа тешко погодени викендов. Повеќе мостови се урнаа и уништени се станбени објекти, додека во источна Романија се поплавени цели села и градови.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Австриската влада целата покраина Долна Австрија, околу главниот град Виена и на границата со Чешка, ја прогласи за подрачје погодено од катастрофа. На социјалните мрежи беа објавени снимки од автопат кај Виена кој бил целосно под вода.

Портпаролот на пожарникарската станица денес кажа дека во текот на ноќта ситуацијата била мирна. Но до утре во таа земја се очекуваат дополнителни до 60 метри дожд по квадратен метар, соопштија властите.

Неколку стотици луѓе се спасени од поплавите во Долна Австрија, според пожарникарските служби. Пожарникар загинал вчера додека испумпувал вода од подрум. Иако нивото на вода се намалува во Виена, денес имало проблеми со јавниот превоз и повеќето линии на метрото во градот со два милиони жители не функционирале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ