петок, 18 октомври 2024

В петок Бугарите од Македонија ќе се соберат пред плочата на Мара Бунева на кејот во Скопје

„Почит за Мара Бунева. Овој петок, 12 јануари, во 12 часот пред плочата во Скопје. Само за Бугарите од Македонија. Со цвеќе и почит. Повелете, Бугари од Македонија“. Ова на фејсбук го најавува бугарската Фондација Македонија која ја раководи Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во земјава.

 

Објавено на

часот

Сподели

Секоја година одбележувањето на годишнината од смртта на македонската револуционерка Мара Бунева предизвикува контроверзи во македонско-бугарските односи. Некогаш на овие собири имаше и физички пресметки.

Членови на бугарски организации секоја година се собираат на кејот на Вардар во Скопје каде е поставена спомен-плоча на Мара Бунева и оддаваат почит на ликот и делото на, според нив, бугарската револуционерка Мара Бунева.

За време на ваквите собири, македонски граѓани излегуваат во близина на овој собир и ја истакнуваат паролата „Немате свои херои – славите туѓи“.

На 13 јануари се навршуваат 96 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

На минатогодишниот собир на кејот на Вардар главен говорник на настанот беше бугарскиот европратеник од партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, кој ги повика „владејачките елити во Северна Македонија да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Се собираме на кејот на Вардар за да ѝ оддадеме почит на големата Бугарка Мара Бунева и да укажеме поддршка на браќата Бугари во Македонија. Тука присуствуваат Бугари од различни делови, организации, но заедно сме да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува. Нема да дозволиме наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македонија. Вечна слава на Мара Бунева и вечна слава на сите бугарски херои кои се бореа за ослободување на татковината и нејзино обединување“, рече лани на собирот во Скопје Џамбаски.

Присутните извикуваа „Бугари јунаци“ и „Мизија, Тракија, Македонија“. Последниот слоган е нивна порака за трите географски области кои според националистичките бугарски кругови ја сочинуваат „Голема Бугарија“.

Мара Бунева е, родена 1902 година во Тетово. Основно училиште завршила во Тетово, а средно образование во Скопје. По аферата со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, на кејот на реката Вардар, кај Камениот мост во Скопје. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ