Томовска посочува дека инспекторите добиле и четири претставки од кандидатите за вработување на огласите во М-НАВ, кои биле детално разгледувани од страна на инспекторите.
Надзор е извршен и во Агенцијата за вработување, а бил проширен и надзорот околу работата на синдикатот.
„Колегите секој ден работеа до 20 часот. Надзорот завршува денеска“, вели Томовска во изјава за МИА.
Надзорот од страна на трудовите инспектори во М-НАВ бил проширен и биле разгледувани четирите последни огласи за вработување и дали синдикатот имал најави за штрајк согласно законот. Инспекторите на Државниот инспекторат за труд и Финансиската полиција во М-НАВ влегоа по упадот од страна на осуммина сега осомничени во оваа институција.