Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во претпладневните часови во југоисточните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.