За многумина од нас, утринската рутина започнува со звукот на алармот, голема шолја кафе и брза проверка на мејловите и пораките. Меѓутоа, ако ги анализирате утринските навики на високо успешните луѓе, токму тоа го избегнуваат.
„Голем дел од мојата утринска рутина се состои од она што не е мојата работа. Кога ќе се разбудам, денот не го започнувам со проверување на паметниот телефон и читање мејлови. Наместо тоа, одвојувам момент за да дишам длабоко, да изразам благодарност и да планирам што имам намера да направам тој ден“, вели Аријана Хафингтон, основач и поранешен главен и одговорен уредник на Хаф Пост.
Размислете само за значењето на зборот аларм – ненадеен страв или непријатна напнатост предизвикана од чувство на опасност. Ваквото започнување на денот предизвикува бран на хормони на стрес и адреналин, што не е идеален начин за започнување на денот.
Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, инсистира на осум часа сон секоја вечер и секогаш се буди природно, без аларм. Телевизиската водителката Опра Винфри исто така станува без будилник.
Аријана Хафингтон има слична рутина. Нејзиното одење на спиење порано ѝ овозможува осум часа сон, што ѝ помага природно да се разбуди.
Иако кафето е првиот избор на многумина, експертите ја препорачуваат водата како поздрава алтернатива. По неколку часа без внесување на течности, една чаша вода го хидрира телото, помага во варењето и го забрзува метаболизмот.
Освежителна чаша вода наутро помага да се рехидрира телото кое изгубило течност во текот на ноќта. Исто така го активира дигестивниот систем, го подобрува метаболизмот и помага во елиминирање на токсините. Овој едноставен ритуал може да ја зголеми енергијата, да ја подобри концентрацијата и да ве направи поподготвени за предизвиците на денот.
Утринското вежбање е клучна навика на многу успешни луѓе. Актерката Гвинет Палтроу вежба секое утро откако ги проверува мејловите. Бил Гејтс комбинира вежбање на лента за трчање со гледање едукативни содржини.
Многу успешни луѓе ја користат вечерта за планирање на следниот ден. На пример, поранешниот извршен директор на Американ Експрес, Кенет Шено, секоја вечер запишува три работи кои сака да ги постигне следниот ден. Водителката на Шарк тенк, Барбара Коркоран прави список со приоритети и ги оценува деловните задачи според важноста: А, Б или В.
Планирањето однапред го намалува стресот наутро и овозможува подобар баланс помеѓу работата и животот.
Рефлексијата за себе може да направи голема разлика во вашиот ден. Легендарниот Стив Џобс секое утро си го поставувал прашањето: Доколку денес беше последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го работам тоа што го правам?
Ако одговорот на ова прашање би бил НЕ премногу пати по ред, тој знае дека мора да промени нешто. Оваа техника е моќна затоа што ви помага да останете во склад со вашите вредности и цели.
Доследните утрински навики ја поставуваат основата за продуктивен ден.