среда, 12 март 2025

Утринска вртоглавица и како да се избегне

Ортостатска хипотензија, исто така наречена позициска или постурална хипотензија, е нарушување на автономниот нервен систем во кое настанува кратко губење на свеста кога лицето одеднаш ќе стане и ќе заземе исправена положба.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Дали сте од оние луѓе на кои им се врти наутро поради пад на крвниот притисок? Постои начин да ја избегнете утринската вртоглавица во неколку чекори.

За некои луѓе, откако ќе се разбудат наутро и ќе станат од кревет, за момент сè се превртува наопаку и им поцрнува пред очи. Овој симптом обично исчезнува за неколку секунди, но може да биде вознемирувачки.

Најчесто нема причина да се грижите доколку следите некои совети. Ортостатската (постурална) хипотензија, како што официјално се нарекува состојбата, се јавува поради прекумерен пад на артерискиот крвен притисок при стоење.

  • Вежбајте и бидете физички активни.
  • Ако пиете премалку вода, крвниот притисок паѓа. Не заборавајте да пиете доволно вода секој ден.
  • Полека станувајте бидејќи така ќе го спречите падот на крвниот притисок поради ненадеен наплив на крв во вените на нозете, што го намалува протокот на крв во мозокот.
  • Акупресура, јога или автоген тренинг често се доволни за да се спречи утринската вртоглавица.
  • Редовно вежбајте ги мускулите за да ја стимулирате циркулацијата на крвта. Можете да го направите ова пред да станете. Секогаш прво седете на работ од креветот и почекајте малку пред полека да станете.
  • Доколку симптомите продолжат, обратете се кај вашиот лекар. Ако вртоглавицата е предизвикана од промени во цервикалниот ‘рбет, лекарот може да препорача различни терапии.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ