сабота, 8 февруари 2025

Утре се слави големиот празник Богојавление – Водици

Објавено на

часот

Сподели

Празникот, кој се слави уште од вториот век, е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Овој празник се нарекува уште и Водици, поради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден.

Во чест на крштевањето на Господ Исус Христос, и денес се свети вода.

Богојавленската литургија ќе почне во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, а во 11 часот поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан заедно со свештенослужителите и верниците со литија ќе се упати кон мостот кај хотелот „Холидеј ин“, каде што ќе ги освети водите на Вардар.

Чинот на положувањето на светиот крст во Скопје ќе биде напладне, а по него ќе скокнат 127 пријавени верници.

Оваа алтернативна локација е избрана како најбезбедно привремено решение поради градежните активности што се вршат од двете страни на Камени мост.

Се смета дека оној што ќе го фати крстот цела година ќе го следат среќа, здравје и благосостојба.

Се очекува најмасовно присуство на верници да има во Охрид, а претпоставките се дека фрлањето на крстот во езерото, по кој ќе скокаат 1.000 верници, ќе го следат околу 10.000 граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ