вторник, 4 февруари 2025

В четврток промоција на книгата „Пролегомена за македонската фотографија“ од Златко Теодосиевски

На 6 февруари, четврток, во Културно-информативниот центар во Скопје ќе се одржи промоција на четиритомниот проект „Пролегомена за македонската фотографија“ од Златко Теодосиевски, историчар на уметност, критичар и публицист.

Објавено на

часот

Сподели

 

Ова е прв ваков проект кај нас посветен на историскиот развој на македонската фотографија во периодот од 1855 до 2020. Низ критичка евалуација на процесите и творештвото на бројни македонски фотографи, како и соодветни компаративни согледувања, авторот ги следи креативните раскрилувања на македонската фотографија кај нас и нејзиното етаблирање во редот на визуелните уметности во Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ